Се сретнале во градинка, а по 20 години се венчале

Лаура Шил и Мет Гродски се запознале во предучилишна возраст, додека посетувале градинка во Аризона. Тие секојдневно го поминувале времето заедно, а еден од најраните спомени на Мет во деновите во градинка е Лаура и моментот кога пред цела група и изјавил љубов.

„Едно од моите најрани сеќавања е тоа кога со три години застанав пред моите другарчиња, и изјавив љубов и одлучив да ја оженам еден ден. Бев заљубен во неа како момче, но тоа не се промени до ден денес“, напишал тој на Инстаграм.

„Кога бевме деца Лаура ме научи да се лулам, возам ролерки и ми покажа како вистински се јадат стапчиња од сирење. Имаме бројни сеќавања за криенка, брканица и куп непроспиени ноќи.

Но откако на предучилиштето му дошол крај, прв пат се сретнале во средно училиште.

Лаура и Мет лесно го обновиле пријателството и веќе по две недели почнале врска.

„Продолживме да се забавуваме и низ цела средна школа, иако посетувавме различни училишта. Го издржавме дури и факултетот кој не однесе во две различни држави. Така беше се до 23 мај 2015 година кога одлучив мојата прва љубов од градинка да стане моја сопруга. Ја побарав на местото каде почна се-во нашата претшколска училница“-рекол Мет.

Scroll to Top