Сопругот на исчезнатата професорка Тројачанец очајно бара помош да ја пронајде

Денеска на социјалните мрежи се појави вест дека е исчезната професорката Снежана Тројачанец. Фотографијата во која нејзините најблиски молат за помош да се пронајде се споделува на „Фејсбук“ од утрово. Со барање за помош од граѓаните се огласи и нејзиниот сопруг, Пламен.

Тој не е сигурен дали Снежана е излезена од домот во текот на ноќта или утрово, но не била во нивниот дом кога тој се разбудил околу 7 часот. 52-годишната Снежана е со вита става и светли сини очи. Се претпоставува дека е облечена во бели пижами со шари, кафена боја со ремен и сиви патики. Професорката со себе не ја зела чантата, нема документи за идентификација, ниту мобилен телефон. Таа од неодамна била на домашно лекување од депресија.

Случајот е пријавен во полиција, а сопругот и нејзините најблиски ги молат граѓаните доколку ја забележат да ги контактираат на 078 257 878 или да се јават во најблиската полициска станица.

 

 

Scroll to Top