Ако за 82 години не најдеме одговор на ова прашање, ќе изумреме како диносаурусите

Најлошиот масовен помор се случил пред 252 милиони години кога изумреа 95 отсто од морскиот живот поради наглото зголемување на киселоста во океаните.

Според пресметките на Даниел Ротман, професор по геофизика на Технолошкиот институт во Масачусетс, човештвото има уште само 82 години да го реши прашањето на својот опстанок на Земјата.

Ротман со помош на едноставни математички формули пресметал дека океанот наскоро ќе содржи толку јаглерод што масовниот помор ќе биде неизбежен, пренесува News.com.au.

Во последните 540 милиони години планетата претрпела пет такви настани вклучувајќи го и истребувањето на диносаурусите.

Критичната количина јаглерод во океаните изнесува 500 гигатони, а во моментот се наоѓаат околу 310 гигатони од овој елемент, наведува научникот.

Неговата студија покажала дека на крајот на векот циклусот на кружење на јаглеродот ќе доведе до природна катастрофа.

 

Ротман наведува дека човештвото од периодот на индустриската револуција емитувал во атмосферата 1.540 милијарди тони јаглероден диоксид, што е еднакво на количината јаглерод што би се простирала во поле со големина 22×22 метри како тоа од Земјата до Месечината (растојание од 386.000 километри)

Половината од емитуваните количини јаглероден диоксид остануваат во Земјината атмосфера предизвикувајќи 10 пати побрз пораст на тој гас, што може да ја предизвика најголемата катастрофа што човештвото може да ја посведочи низ светската историја.

Scroll to Top