Синоним за Кејт секако е префинетоста, елеганцијата, и прилагодливоста, но, и убавата војводтка реши да нешто промени на себе, а како и секоја жена се одлучи за најефективна промена – нова фризура.
Кејт на Вимблдон беше вистинско изненадување и освежување, затоа што значително ја скрати својата долга коса и со новата фризура ги воодушеви сите, а се чини дека новата фризура и на нејзе и тоа како и се допадна!
Веднаш стана главна тема во светските медиуми, доби комплименти дека изгледа доста помлада, а веруваме дека сега и многу припаднички на поубавиот пол, ќе го следат нејзиниот нов стил.
Дали оваа фризура вртоглаво ќе стане нов моден тренд, останува да се види.
Погледнете и како Кејт изгледаше пред да ја скрати косата, па и самите проценете.