Музичката легенда Селин Дион се сликаше целосно гола во нејзиниот гардеробер во период помеѓу две ревии за време на Неделата на висока мода во Париз.
49-годишната Дион ги изненади и медиумите објавувајќи ја фотографијата на својот Инстаграм профил. Париското издание на магазинот „Вог“ вчера ја објави оваа фотографија.
Селин целосно го трансформираше својот имиџ благодарение на стилистот Ло Роах, кој од неа направи вистинска модна икона.
На актуелната Недела на висока мода во Париз, Дион е гостинка на повеќе модни ревии.