Некогашната актерка која имавме прилика да ја гледаме на малите екрани во серијата „Засекогаш соседи“, денеска е успешна модна блогерка, која само на Инстаграм ја следат повеќе од 184.000 луѓе, кои редовно ги воодушевува со своите објави.
Соња Ковач се врати во Калифорнија, и на Американците им го честиташе Денот на независноста, како вистински патриот. Позираше во куќата наменета за спасувачите, со препознатливата црвена пливка за спасување, а зад неа се вееше американското знаме.
„Спаси ме, те молам“, беше само еден од коментарите на фотката на модната блогерка.