Познатиот пејач Павле Дејаниќ, кој популарноста ја стекна во „Пинкови ѕвездички“ бил во тешка состојба откако го каснало стршлен и ведна бил пренесен во болница.
-„Сѐ е во ред сега. Да, вистина е, ме касна стршлен за ногата додека бев во село и им помагав на моите. Каснувањето беше директно во крвен сад и поради тоа беше непријатно, иако немам алергија. Од пред некој ден ја имам. Доживеав два пати анафилактички шок, ме оживуваа со адреналин.
Глвата ќе ми „летнеше“ поради глупост.“ – вели Павле, кој ја завршува приказната со изјава дека се е во ред сега и дека неговиот пријател од Канада му донел адреналински шот да го има со себе, доколку повторно има средба со опасни инсекти.
[URIS id=357815]