Ако не сте внимавале и сте ставиле премногу сол во јадењето, постои решение.
Ако се во прашање шпагети или друг вид тестенини, додадете уште вода или замените ја пресолената вода.
За супа и сосови, идеално решение е компирот. Доволно е излупениот компир да го ставите во јадењето и да продолжите со готвењето. Компирот ќе ја впие солената течност. Не заборавајте во тој случај да додадете уште течност.
Ако сте го пресолиле јадењето, одредите точен однос на намирници и сол и по можност додадете уште намирници, на пример зеленчук или месо.
И додавањето магдонос е одличен начин да го замаскирате вкусот на пресоленото јадење, особено кај сосот.
Најдобро е да не го посолите јадењето во целост во почетокот на подготовките. Пробајте го пред крајот на готвењето и додадете сол по потреба и вкус.