Дали градите ви потскокнуваат додека се движите или цврсто стојат? Жените многу време посветуваат на изборот на долен веш, со часови минуваат во обиколка на продавниците и ги испробуваат новите модели, но сепак дома се враќаат со прекраен градник – но погрешна големина.
Ако е за верување на податоците на компанијата Curvy Kate, која произведува долен веш, дури 94% од жените носат градник со погрешна големина, а сега снимија и видео, кое покажува колку штета му нанесуваат на ткивото на градите.
Тим на експерти на овој бренд одбра и два градници – еден со големина 38-F, и друг со големина 32-H. На манекенките, наизглед, совршено им стојат и двата, но снимката при одењето, покажа дека има голема разлика меѓу двата модела.
Кога градникот не ја дава одговарачката поддршка, градите „потскокнуваат“, што остава штетни последици на ткивото на дојката.
„Прекумерното движење на градите во текот на одот може да доведе до болки и потенцијално оштетување на чувствителното ткиво на дојката на подолг рок. Освен тоа, на жените често им е непријатно, се срамат, а не се ни свесни дека проблемот е лесно решлив – изборот на градник со вистинска големина“, вели доктор Џени Бербеџ, од Портсмут универзитетот, пренесува „Дејли Мејл“.
Како да одредите која големина ви одговара
Големината на градникот можете да ја дознаете на два начина – испробајте повеќе од десетина градници и преку методот на обидите и грешките ќе дојдете до бројот кој ви одговара, но многу попаметен начин е со метро да го измерите обемот под градите.
Сантиметрите ќе ја покажат ширината на градникот (75,80,85). Другата ознака е големината изразена во букви и ја покажува големината на корпата (А е за сите мали гради, Б малку поголемите и така натаму). Така, ако имате малку гради и широк грб, веројатно ќе ви одgovara 85A, и обратно, големите гради на ситното девојчиња имаат големина на 75C.
Без оглед колку сте сигурни во големината на градникот, за секој случај пробајте го секој градник пред купување, затоа што моделите доста се разликуваат, еден ќе одговара, друг не.
Кога ќе го закопчате градникот, треба да имате доволно место да можете да ставите два прста меѓу грбот и градникот.
„Центарот на градникот, односно делот кој ја поврзува корпата, треба да „легне“, рамно на градниот кош, така да кога ќе погледнете одозгора, овој дел од градникот да не биде одвоен од вашето тело.