Секое утро осумгодишниот Јован Гајиќ заминува да бере малини со неговата сестра. Сите набрани веднаш ги сортира во пластични пакувања и ги продава покрај пат.
Јован е од селото Ситница, Манјача а од претходната година продава малини за да заработи за книги и училишен прибор. И оваа година се одлучил на таков чекор, пренесува РТРС. Кусур вели дека знае да врати, бидејќи математика добро му оди.
Заедно со сестрата Јована, која завршила 7-мо одделение, продава малини покрај пат. Јован инаку е најмал од вкупно четири деца. Toj од рано утро до касно навечер седи покрај пат и нуди сочни малини на минувачите.
Меѓу изненадните гости на Петровден кај Јован на неговиот импровизиран штанд на стара дрвена клупа бил министерот за образование и култура, Дане Малешевиќ.
– Малиот Јован е вредно дете. Заврши 3-то одделение, по српски јазик има четворка но сите други му се петки. Веднаш ме препознаа и тој и сестрата Јована и веднаш дотрчаа во прегратка. Тоа многу ме израдува и ми го направи денот поубав – се пофалил министерот Малешевичќ.
– И оваа година ќе обезбедиме се за училиште на Јована и Јован бидејќи тие тоа го заслужуваат. Вредни се, помагаат на родителите, а освен малини чуваат добиток и работат многу тешки земјоделски работи. Исто така нивната мајка е вработена како служител во училиштето во селото, што е допринос на ова сиромашно семество кое се труди сите 4 деца да ги изведе на прав животен пат – вели Малешевиќ.