Откако по песната „Чка космичка“, и честите појавувања во емисии се врати во жижата на јавноста, Индира Арадиновиќ Инди, секој ден приредува некое ново изненадување.
И само што обожавателите целосно ги збуни со фотка, на која ја покажа тетоважата под градите, како и гаќичките кои се вовлекуваат во телото, Инди одлучи да објави и „отворено писмо“. Како што наведе на самиот почеток, по 11 години на сцената некои размислувања одлучи да ги сподели со сите.
„Знаете нешто длабоко размислувам по 11 години мое постоење на естрадната сцена и толку песни, наслови, хитови, текстови, скандали, вистини и невистини, дезинформации, градски приказни и останати дела. Луѓето брзо забораваат се, освен едно нешто, а тоа е како човек или нечовек си! Еве јас прв пат за себе ќе напишан нешто што ќе ги шокира поедини читатели, а можеби и нема“, почна Инди.
„Ако го избрав како многу млада патот на пејачка, тоа не значи дека и сега го бирам свесна од таа доба, тоа значи дека сум борец кој турка понатаму, она што во младоста го започна. Крај и точка! Да се биде пејачка или естраден уметник никогаш не е лесно и нема да биде!“, почна Инди да ја брани својата професија.
А потоа, се дофати и до факултетот, што не им се допадна на оние кои го завршија, и имаат поинаков став од неа.
„Најлесно е да завршиш факултет, да се омажиш и да се родиш! Зошто?! Затоа што не е лесно да наидеш на вистинската личност, која во тебе ќе ги препознае твоите квалитети од раната младост, па до сега! Јас и така сакам да читам книга, да запишувам совети од постарите искусни домаќини, садам некои зеленчуци и овошје, мотам сарма, правам ајвар, и месам бел леб, се ложам на оган, менувам гума и сијалици. Аииии сепак сум пејачка?! Така ме гледа 99% од нацијата, затоа што јас тоа го избрав!“, бев помалку конфузна Инди.
Погледнете ја и комплетната порака која ја напиша Инди: