За преубавиот, а судејќи по се останато и навистина опасниот остров Кох Тао во Тајланд пишувано е многу, а најнова негова жртва е Елис Деламан, 30-годишна девојка од Белгија, која е пронајдена мртва на 28. април оваа година. На тој мистериозен остров, инаку во текот на изминативе три години починале уште седум туристи.
Полицијата тврди дека Елис се самоубила, но нејзината мајка во таа приказна не верува. Девојката е пронајдена обесена, а нејзиното тело го јаделе џиновски гуштери. Нејзиното тело е пронајдено во длабоката џунгла, а полицијата одново покренала истрага, бидејќи членовите од нејзиното семејство сметаат дека таа е убиена. Исто така, чудно е ако се убила, зошто планирала заминување од островот и зошто нејзиниот багаж пристигнал таму после нејзината смрт.
Полицијата бара нови траги, но засега не пронашла ништо.
Нејзината мајка вели дека Елис немала причина да се самоубие, дека била сосема нормална кога последен пат се слушнале и дека не била во депресија, туку напротив, авантурист кој сака да патува.
Во 2014 година на островот се убиени два британски патника. Од сите туристи кои починале таму, само за овие двајца се смета дека се убиени, а за другите дека станува збор за самоубиство.
Русинката Валентина Новозионова на 23 години исчезнала од хотелот на тој остров и веќе не е пронајдена. Британецот Лук Милер е пронајден мртов во базен во јануари 2016 година, а нема докази за самоубиство. Британката Кристина Енесли на 23 години починала на островот, а се тврди дека смртта настапила, бидејќи испила антибиотици и пиела алкохол.