Пејачката Неда Украден овие денови се разладува во Црна Гора, каде ужива со своите внуци.
Неда во август ќе наполни 67 години, а судејќи според фотките кои ги објави, и понатаму е во одлична форма.
За разлика од нејзините бројни колешки, Неда не практикува да користи фотошоп ни филтери, па се покажа во своето вистинско издание.
„Моето парче рај – море, сонце, Бока и моите внуци!“, напиша пејачката.