На интернет се појави снимка од зебра која за влакно успеа да му побегне на кркодилот, само за да на копно ја дочекаат две лавици кои ја распарчија.
Снимкта настана во кенискиот резерват Maasai Mara, a несекојдневната слика беше направена од балон од страна на еден турист на сафари. На Фејсбук снимката ја објави и „National Geographic“ по што веднаш стана вирална.
Развојот на настани беше фасциниран, и авторот на снимката кој навиваше за зебрата остана во шок, кога, по бегството од крокодилите, ја дочекаа гладните лавици.