Веќе неколку дена голем пожар беснее во атарот на поречкото село Требовле, кое се наоѓа на 20-тина километри после Самоков.
Селото, во кое живеат неколку жители и има голема викенд населба, го демне опасност од целосно уништување, бидејќи веќе 4-ти ден жителите сами се борат со огнената стихија, а со тоа и нивните животи се во голема опасност.
По голем број апели до надлежните институции, утрово биле испратени само неколку авиони кои помогнале во гаснењето на пожарот, но како што сведочат селаните, кои молат за помош, авионите веќе ги нема, а пожарот почнал да се шири со огромна брзина и освен опасност да го проголта целото село, голема е веројатноста да се рашири и кон резерватот Јасен.
Жителите ги молат институциите за помош.