(ВИДЕО) Доколку Рада го изјавеше ова во земја како што е на пример Америка, би ја распнале на крст

Пејачката на прашањето за плаќањето данок даде изјава која, нејзините колеги, или било кои граѓани во светот, многу ги чинеше.

Естрадата пред неколку дена остана во шок, по веста да се воведе нова одредба во Законот за работа, според која, сопствениците на дискотеки, кафани и ресторани во Србија ќе мораат да платат данок за ангажирање на естрадни пејачи, сума која минимално ќе изнесува 200 динари по настап, и тоа за секој член на бендот.

Во врска со тоа, во текот на интервјуто со една од најангажираните пејачки во Србија, Рада Манојловиќ, кое го направија репортерите на српски Телеграф, не можеше, а да не ја прашаат што има таа да каже на оваа тема.
 

Рада даде свој коментар кој и е повеќе од изненадувачки, и секако недопустлив став на размислувања на граѓаните во Србија, но и надвор од неа.

„Јас би го кажала своето мислење, но сигурно тоа не би им се допаднало на луѓето на власт. Нема со никој да влегувам во расправи Не е добро во Србија да се изнесе своето мислење, затоа што народот зема нож и плука на секој и на должен и недолжен. Јас во оваа држава, навистина немам причина да плаќам данок, но го плаќам, за жал, како сите чесни луѓе. Кога на мене ми треба помош од државата, кога мене манијаците ме прогонуваа, ме бркаа, ми упаѓаа во домот, во спалната соба, никој не реагираше, никој не ме заштити, а јас сега на таа држава, треба да плаќам како ништо да не се случило?! Како да другите служби да не треба да работат во нашата земја? Но, без оглед на се, тоа е тешка тема за мене. Што се однесува до данокот, додека бев во „Гранд“, кога ја водеше „Гранд“, а сега по година дена, откако отворив своја фирма, се ми иде преку сметка“, без влакна на јазикот зборуваше Рада, која поради ваквите изјави, и индиректните алудирања на тоа дека не би требало да плаќа данок, во земја како што е на пример Америка, сигурно би го навлекла гневот на граѓаните.

Да се потсетиме, газдите на угостителските објекти, ќе бидат должни пред секој настап да состават посебни договори за делата со пејачите и музичарите, а најмала дозволена висина на хонорар за секој поединечно ќе биде 1200 динари. На таа сума ќе мора да платат 17% данок, што изнесува околу 200 динари.

До оваа нова одлука на Владата на Србија за примената на Посебните колективни договори за ангажирање на естрадно -уметничките изведувачи, ќе мора да се држат сите, кои во земјата сакаат да ангажираат пејачи. Така, се очекува да контролата во работата на кафаните ја спроведат посебни тимови на инспектори, а се со цел да се заштитат и пејачите и сопствениците на угостителските локали.

 

Scroll to Top