Прегледите за песната „Деспасито“, не престануваат, спотот се приближува до бројка од три милијарди на Јутјуб, а Луис Фонси, авторот на овој мега хит, е во центарот на вниманието. Но, ретко кој ја спомнува неговата сопруга Акведа Лопез со која е во брак уште од 2014 година.
Да потсетиме, Фонси и Деди Јенки, преку ноќ го освоија светот и сите ја пејат „Деспасито“, а преработките, веќе никој не може да ги преброи.
Фонси и шпанската манекенка Акведа Лопез се запознаа во 2011 година, а се венчаа во 2014.