Целосното затемнување на Сонцето кое ќе зафати дел од Америка на 21 август, ги дигна тамошните научници и служби за вонредна состојба на повисоко ниво.
Овој небесен настан, прв од таков вид, во речиси еден век, веќе сега привлече голем број на луѓе, туристи, и вљубеници во небесните појави и астрономијата, што тамошните власти веќе превземаа опсежни мерки за да го подготват теренот и обезбедат сигурност на сите оние кои ќе се соберат во централна Америка.
Тоталното помрачување на Сонцето ќе трае само две минути, а веќе е означено како настан на годината. Се предвидува дека дури 7,5 милиони луѓе ќе се сконцентрираат на простор од 70 километри кој се протега од Орегон до Јужна Каролина.
„Кога туристите ќе дојдат, сите ќе мораат нешто да јадат и пијат, ќе им треба соба за сместување, но и санитарни единици кои би интервенирале во случај на незгода. Веќе е подготвен Црвен крст и Итна помош, а мобилните сигнали и интернетот ќе мора да бидат зголемени. Сите сме во блага паника“, изјави Бред Кисерман од Црвениот крст.