Таа е една во милион. Кога 29-годишната Сара Ламб ја родила својата ќеркичка Џејли, сѐ било во најдобар ред.
Породувањето поминало во најдобар ред, а бебето било целосно здраво.
Како што растело девојчето, било сѐ потешко да се скроти нејзината коса. Сара пробала многу препарати за коса, но ништо не помагало.
Сара одлучила да се консултира со доктори, а тие установиле дека Џејли е родена со генетско пореметување, кое се манифестира со необичната коса која ја има девојчето.
Ова пореметување нема никакви други последици по здравјето, а малечката воопшто не се срами од својата коса.