Професорката за специјлано образование која била уапсена поради секс со еден ученик, повторно е уапсена, но поради секс со друг ученик.
Лаура Рамос (31) се предала на полицијата во средата утрото кога била известена дека постои налог за нејзино апсење.
Таа се терети по две точки за обвинение за сексуален напад од втор степен, а пуштена е на слобода откако платила кауција од 42.000 евра.
Полицијата сега верува дека таа имала секс со најмалку четворица ученици, но засега формално е обвинета во два случаи.
Нејзиниот сопруг бил со неа кога е обвинета првиот пат, но тоа не беше случај и овој пат. За време на сослушувањето седела сама во судница, гледајќи постојано во својот мобилен телефон.
Судијата и наредил повеќе дека не смее да контактира со своите жртви, пренесува Дејли Мејл.
Таа ја напуштила својата работа во Централната гимназија во Бриџпорт во Конектикат веднаш по првото апсење.
Откако е уапсена во јуни, полицијата соопшти дека уште една жртва признала дека има секс со професорката.
Ученикот и рекол дека во април била со професорката во ресторанот и дека по вечерата имала секс на паркинг.
Подоцна тој месец се сретнале во друг ресторан, па имале секс во ресторан во соба со инсталации.
Ова се случи откако професорката се пожалила дека сопругот наводно не сакал да има секс со неа.
Службениците велат дека еден ученик признал дека Рамос имала секс со еден од учениците во програмата на специјалното образование.
Полицијата вели дека професорката признала дека врската со ученикот ја одржувала од 23 декември 2016 година, до април 2017 година.