Египетски студент по инжинерство направи електричен автомобил на три тркала, кој се напојува со помош на соларна плоча која се наоѓа на кровот.
Возилото е минијатурно и направено за една личност, а по изгледот многу потсетува на рикша.
Автомобилот може да развива брзина од 54 километри на час и чини само 800 долари.
Така, за возење доволна е само една рака.
Творците на ова интересно превозно средство истакнуваат дека примарна улога е да им помогне на лицата со инвалидитет, затоа што во Каир постојат голем број на места на кои може да се стигне во инвалидска количка.
Тимот сеуште го усовршува овој прототип и се обидува да собере финансиски средства за да почне со масовно производство.
Погледнете го видеото: