Кенди го запознала Јован на плажа во Флорида, и како што вели, таа веднаш паднала на неговиот шарм. Тој бил пријатен, нежен, духовит, комуникативен.
Врската за кратко време станала сериозна па тие се преселиле во Санкт Петерсбург на Флорида каде започнале заеднички живот.
– Само што станав уморна од потрагата по „човекот со кого ќе го поминам животот“ и мислев дека никогаш нема да го најдам, се појави тој – раскажува Кенди за почетокот на врската со човекот по име Јован Колиер.
– Поминав низ многу проблеми до тој момент. Помеѓу останатото, останав и без многу членови на семејството. А Јован уште првиот ден ми кажа дека неговите родители загинале во сообраќајка и дека му недостасува семејство. Мислев дека тоа е пресврт на судбината! – објаснува Кенеди.
Многу години подоцна се испостави дека тоа е вистина, но Јован зборувал за родителите кои го посвоиле, а не биолошките.
Сѐ течеше без проблеми до 2009 година кога Кенди го открила профилот на Јован на сајт специјализиран за потрага по партнери за секс. Тогаш побарала од него да се исели од куќата. Јован ја молел да се премисли и да се смири. Кенди, од друга страна, побарала утеха во алкохол и апчиња за смирување. А потоа Јован ја сретнал на улица и ја нападнал со нож! Успеала да се спаси и го тужела, а побарала и судска забрана за приближување.
– Спиев по два часа во текот на ноќта, а остатокот од времето се тресев и чекав да дојде и да ме убие, вели Кенди за медиумите.
Месеците поминувале, а потоа таа дознала дека Јован се обесил во некој хотел во Орландо. Таа се присетила дека тој во меѓувреме повторно се поврзал со својата биолошка мајка па одлучила да провери и да ја праша неа дали таа знае нешто повеќе околу него.
– Го свртев бројот на неговата мајка и очув. Се јави очувот и го прашав дали знае нешто за Јован – следеше кратка пауза, а потоа ме праша дали јас вооопшто знам за неговото убиство – раскажува Кенди и додава дека била во шок кога слушнала убиство бидејќи дотогаш не знаела. Тогаш дознала и дека е обвинет бидејќи на својата девојка во 2010 година на домашната адреса ѝ испратил мртва свиња како закана, а нејзините фотографии ги објавил на порно сајт. Поради ова отслужил три години затворска казна. Но, тоа не било сѐ. Во 2015 година бил обвинет дека сексуално злоупотребувал три жени, од кои едната во тоа време му била вереница, а за тужбата успеал да се спогоди па поминал само три месеци во затвор.