Фолксваген веќе некое време си поигрува со идејата да повторно произведува „минибус“, но се чини дека таа идеја би можела наскоро да се оствари. Директорот Херберт Диес потврди дека компанијата ќе започне со производство на „минибус“.
„Емотивните автомобили се многу важни за брендот. Ние и понатаму ќе ги произведуваме „бубите“, особено на американскиот пазар. Но, ќе имаме и препознатлив „минибус“, изјави Диес.
Минибусот бил омилено возило на хипи генерациите и фановите на стара класика, кои со години го чекаа ова возило повторно да се појави на пазарот.
„Минибусот“, ќе биде вратен како дел од I.D.Buz асортиманот на електричните возила. Концептот дебитираше на саемот за автомобили во Детроит во 2017 година, пренесува, the-daily-llama.com.
Иако постои потврда дека „минибусот“, се враќа со модерниот изглед, низ електричните возила Фолксваген кои користи MEB платформа, нема да дебатира до 2020 година.