Најголемиот малер во историјата на спортот!

Каква несреќа! Ивана Шпановиќ остана без медал, можби и златен, поради пехот кој и се случи, а кој досега никогаш се нема случено во финалињата на ваквите натпреварувања.

Ивана Шпановиќ во финалето, во скок во далечина на Светското првенство во Лондон, последниот обид го дочека како четвртопласирана со резултат од претходната серија – 6.96.

Во тој момент пред неа беа Бартолета (6.97), Клишина (7.00), и Риз (7.02).

А тогаш следеше драма, за жал, со несреќен крај за Србинката и нејзините навивачи.

Ивана излезе на патеката, скокна и се насмевна! Очигледно беше дека прескокна седум метри.

Следеа моменти на незапаметена драма. Се чекаше конечниот резултат… И тогаш беше соопштено дека скокот на Ивана бил 6,91! Сите беа збунети! На никој не му беше јасно за што се работи…

Се испостави дека бројот на опремата на Ивана, се одлепил и стигнал на песокот на 6,91!!!

Неверојатно!!!

Scroll to Top