Религиозниот празник Голема Богородица е еден од најважните во Грција. Јужниот сосед е земја која важи за прилично религиозна. Кај нив овој празник се слави на 15 август, а поради различните календари ние го славиме на 28 август.
Во грчките медиуми деновиве една од топ темите е повторното појавување на малите змии во црквите по селата на островот Кефалонија, кои секогаш се појавуваат пред 15 август.
Интересен детал според пишувањето на грчките медиуми е дека некои од нив на главите имаат мал бел крст. Локалните жители, но и туристите одат по црквите да ги допрат, бидејќи веруваат дека на тој начин добиваат благослов.