Престрашени туристи во близина на Мелбурн затекнале гнездо со џиновски пајаци на една бандера во лозјето, а фотографиите веднаш биле поставени на социјалните мрежи.
Набргу следела интернет хистерија, а луѓето зборувале дека пајаците се и отровни, дека можат да скокат и да се движат многу брзо.
Ова не е прв пат луѓето да се соочуваат со огромни пајаци. Неретко ги затекнуваат во своите домови, на балконите или во дворовите.