На 21 август часовникот „Биг Бен“ ќе згасне – Народот повикан да го слушне за последен пат до 2021 година

Чеканите кои удираа во ѕвоното тешко 13,7 тони секој час во последните 157 години, ќе бидат отстранети, иако ѕвоното и понатаму ќе се слуша по повод на вашнтие настани како што е прославата на Нова година.

Ѕвонот „Биг Бен“ во внатрешноста на часовник – кулата во склоп на зградата на британскиот парламент ќе престане да се огласува на пладне на 21 август, а „ќе молчи“ во наредните четири години, додека траат работите на реновирање на зградата на Вестминистерската палата, соопштија денеска во Долниот дом на британскиот парламент.

Чеканите, кои удираа во ѕвоното тешко 13,7 тони секој ден во последните 157 години, ќе бидат тргнати, изко ѕвоното и понатаму ќе се слуша по повод важните настани, како што е прославата на Нова Година.
„Оваа важна програма на работа, долгорочно ќе го сочува часовникот, како и кулата во чиј состав е“, изјави Стив Џегс, задолжен за одржување на прочуениот часовник.

 

Повеќеминистерската палата на брегот на реката Темза, е седиштето на парламентот, запишана е во листата на светските наследства, и претставува голема туристичка атракција, Џегс ја повика јавноста на собир на обележување на Плоштадот на парламентот, каде идниот понеделник, 21 август, за последен пат до 2021 година, ќе се слушне ѕвонот на „Биг Бен“.

Елизабет кулата висока 96 метри, во која се наоѓа ѕвонот „Биг Бен“ и кое се смета за најфотографирана зграда во Британија, веќе на половината, можеа да се забележат скелињата, поради важниот проект на реновирањето.

Во оквирот на реконструкцијата и целиот часовник беше расклопен на делови, а секој негов дел ќе биде исчистен и обновен.

Работната верзија на часовникот ќе остане, но, само ќе го покажува точното време, но без звуците, а ќе го движи современ електричен мотор, се додека повторно не се инсталира првобитниот часовен механизам, откако ќе се завршат работите до 2021 година, кога повторно ќе се слушне познатото ѕвонење на „Биг Бен“.

 

Scroll to Top