Било да говориме за сериите W123, W124 или, пак, W116, сите тие се добри автомобили, кои по години неодржување, верно им служат на своите стопани, па и не чуди што имаат статус на неуништиви машини.
Меѓу нив особено статус имаат старите дизелаши, кои без проблем минуваат и повеќе од половина милион километри без отворање. Ова видео потврдува дека се буквално неуништиви.
Од Естонија доаѓа снимка која прикажува автомобил за кој многумина би рекле дека е парче железо кое тешко може да се врати во живот, пренесува Index.hr.
Откако минал над 372.000 километри, завршилл на полето и таму останал цели девет години.
Но, по малку внимание, се случило чудо, возилото запалило и било подготвено за возење.
Гледајте го видеото: