Калиниќ објасни зошто е неспоредливо подобар од италијанскиот милионер Џанлука

Познатиот актер Милан Калиниќ, кој оваа година ќе наполни 45 години, може да се пофали дека има тело кое секој би го посакал. Како што познатиот актер и водител изјави во интервјуто за српските медиумите, тој за да го има истото, тренира целиот свој живот.

Со него репортерите се сретнаа на Калемегдан, каде разговараа за разноразни интересни настани.

Калиниќ откри дека ретко излегува и не се согласувал со констатацијата дека тренира како никогаш претходно.

„Не знам зошто тоа така се поставува. Јас тренирам целиот мој живот. Резултатите не дојдоа сега… Туку, сега настанаа овие социјални мрежи, па можеш да закачиш слика. Јавните личности на социјалните мрежи помагаат во некоја реклама, во некоја промоција… Тој кој зборува за јавни личности, а тоа да не го прави со некоја цел и план, мислам дека измислува“, вели Калиниќ пред репортерите.

 

Актерот и водител на „Пинкови ѕвезди“, се пофали со својата сопруга Сандра и изјави дека таа подобро изгледа од него.

„Можеби жената со мене почна да тренира, затоа што јас сум таков каков што сум, но таа почна да неодамна. Никогаш не се занимава со спорт. Никогаш ништо не тренирала… Влезе еднаш во теретана и падна во несвест. Еднсотавно, тоа е генетика неверојатна“, искрен беше тој.

 

На приказната дека некои луѓе го споредуваат со италијанскиот милионер Џанлука Вакије, Милан се насмевна и одговори:

„Не знам. Дај Боже ако ме споредуваат… Еве, се разведе пред некое време… Тука не сме исти. Второ, тој ништо не работи, наследил се. Трето Сандра (сопругата на Милан) ми рече: „Јас мислев дека тој е многу постар, па така стар“…. Тој има 50 години. Тој е само 5 години постар од мене. Не сум подобар, неспоредливо сум подобар. Ако ништо друго, јас имам подобра жена, не ја менувам, и моја е. Мојата жена вреди за сите тие негови… Така би се натпреварувал со него, во тоа“, заклучи Милан.

 

 

Погледнете го првиот дел од интервјуто со Милан Калиниќ на следниот линк:

 

Scroll to Top