Низ Фејсбук се прошири нов измама со која голем број на корисници на популарната социјална мрежа се измамени. Имено, корисниците меѓусебно шеруваат пораки во кои, едни на други се предупредуваат да не ги прифаќаат барањата за пријателство на лицето кое се нарекува Фабрицио Брабила.
„Пренеси им на своите контакти од твојата Месенџер листа, да не ги прифаќаат барањата од Фабрицио Брамбила. Тој има фотка со едно куче. Тој е хакер и го поврзал својот систем на твојот налог на Фејсбук. Ако некој од твоите пријатели го прифати, ќе биде прикачен и на тебе, така да осигурај се сите твои пријатели да го препознаат“, гласи пораката која се шири на Фејсбук.
Се разбира, станува збор за измама. Не постои доказ дека било која личност со тоа име, се обидува да дојде до голем број на пријатели на Фејсбук. Дури и да некој тоа го работи, профилот на Фејсбук не е можно да биде хакиран, на начин на кој ќе станете со некој пријател.
Така, Фејсбук ќе прати масовно додавање на пријатели и често тој потег го означува како спам, па било кој налог кој се обидува за кратко време да дојде до голем број на луѓе, веројатно ќе биде избришан.
Не е прв пат да вакви пораки се шират низ најпопуларната социјална мрежа. Измамниците, воглавно само го менуваат името на личноста, додека остатокот од пораката останува ист.
Погледнете ја пораката која се прошири на Фејсбук: