Сè до 2021 година нема да се слуша најпрепознатливиот звук во Лондон

Ѕвоното Биг Бен денеска на пладне престана да се огласува и ќе  „молчи“ наредните четири години, сè додека трае реновирањето на Британскиот парламент.Чеканите што го удирале ѕвоното тешко 13.7 тони секој час во последните 157 години ќе бидат симнати, иако ѕвоното и понатаму ќе може да се слушне по повод важните настани, како што е прославата за Нова година.

Седиштето на парламентот, покрај брегот на Темза, претставува голема туристичка атракција.

Кулата на Елизабета, како што од 2012 година официјално се нарекува 96 метри високата кула Биг Бен, се смета за најфотографираната зграда во Британија.

 

Scroll to Top