Иако физичкиот изглед не е пресуден при изборот на кандидати за работа, работодавачите внимаваат на деталите како што се облеката и шминката кога ги интервјуираат кандидат(к)ите.
Излупен лак на ноктите остава впечаток на нервозна и неуредна личност, а размачканата маскара укажува дека на жената ѝ се најважни вечерните излегувања. Овие резултати се добиени од истражувањето во кое учествувале 2.000 шефови.
Размачканиот кармин шефовите го толкуваат како безгрижност, а лошо нанесената пудра е знак дека жените не посветуваат доволно внимание на деталите.
За идните шефови адекватната шминка и вистинскиот избор на парфем се важни како и чистата и испеглана облека.