Русинот Јуриј Головин (30) е уапсен откако го ископал ковчегот на поранешната девојка Олга Гилева, која починала пред пет години, а потоа нејзиното тело го запалил.
Како што јавиле руските медиуми, овој бизарен настан се случил во селото Манчиково во Централна Русија, оддалечено околу 1800 километри од Москва.
Олга, пред пет години како 17 годишна девојка, извршила самоубиство. Таа се обесила веднаш откако доживеала нервен слом поради раскинувањето.
Головин тврди дека од тогаш му се појавувала во сништата. Тој го обвинил нејзиниот дух дека го прогонувал, и рекол дека мора да го запали лешот за да прекинат ноќните кошмари.
На крајот пукнал, и со помош на 23 годишно момче, чиј идентитет не е соопшто, го направил тоа што духот го барал од него, го ископал лешот на поранешната девојка и го запалил.
За среќа, тој не успеал целосно во својата намера. Ковчегот е оштетен од огнот, но не успеал да го запали.
Да работата биде уште полуда, тој е снимен како спие во откопаниот гроб на поранешната девојка!
Според руските закони, за скрнавење на гроб, на него му се заканува петгодишна затворска казна.
Погледнете го видеото: