Девојката од Њујорк Дилек Едвардс (33) работела како инструкторка по јога, се до моментот кога добила отказ поради тоа што, како што вели, својата голема убавина, пренесува nudailynews.com.
Се се случило пред четири години, во периодот кога Дилек работела како масер и јога инструктор во еден центар, а таа не можела ни да сонува што ќе ја снајде.
Без никаква причина, шефот Николај Чарлс, и врачил отказ, а тоа го објаснил со фактот дека жена му ќе биде многу љубоморна на неа, затоа што била премногу убава.
Неколку месеци подоцна, и следел отказ, кој и го дала, ни помалку ни повеќе туку сопругата на Чарлс, пренесува news.com.au.
„Не си повеќе добредојдена во Вол Стрит киропрактичкиот центар. Да не си зачекорила ниту еден чекор таму, и држи се подалеку од мојот маж и семејство! не заборавај дека си добила предупредување“.
Разочараната и бесна, Дилек, веднаш по добивањето на отказот, ја тужела фирмата за дискриминација, затоа што, како што навела, немало ниту една причина за да ја отпуштат, освен што шефот сметал дека била привлечна.
Нејзиниот случај предизвикал бурни реакции во јавноста, а се зборува дека младата девојка брзо ја проширила приказната на социјалните мрежи.
Дилек во моментов работи на собирањее на цврсти докази кои би можеле да и помогнат да што побрзо го реши овој случај.
Нејзиата тужба, судот на почетокот ја одби, но подоцна таа одлука ја негира, така да сега девојката има на што да се надева, пренесува nydailnews.com.