Брз и едноставен рецепт.
Потребно:
за салатата:
225 г макарони
2 шолји шери домати, исечкани на половина
2 конзерви туна во вода
1/2 шолја зелени маслинки со пиперче
сечкан свеж босилек
за преливот:
1 чешне лук, исечкан
кора од 1 лимон
1/4 шолја цеден сок од лимон
1/3 маслиново масло
2 лажици вода
сол и црн пипер по вкус
Начин на подготовка:
Подгответе ја пастата според упатствата на пакувањето. Тргнете ја настрана и оставете ја да се олади, а потоа префрлете ја во длабок сад за салата.
Додадете ги сечканите шери домати, а потоа туната, маслинките и босилекот.
Во мал сад измешајте ги заедно состојките за преливот. Додадете го на пастата и потоа измешајте.