Потребно:
500 гр брашно
300 гр кисела павлака
2 јајца
60 мл масло
1 печиво
1 лажичка сол
1 белка
200 гр сусам
Подготовка:
Се замесува тесто од сите состојки (освен белката и сусамот). Се прават топчиња со големина на мал орев. Се валкаат во белка и сусам и се редат во плех обложен со хартија за печење.
Се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути.