Аца Лукас синоќа во својот стан на Вождовиќ направи голема журка на која беа и Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Оцоколиќ, Вики Милјковиќ, Жика Јаксиќ, Ацо Пејовиќ и десетина пријатели.
Во текот на ноќта, Аца објави неколку фотки од собирката, а на самиот крај, доцна вечерта, објави фотка и од ќерката Викторија.
Но, она што привлече огромно внимание кај илјадниците луѓе кои го следат, е пораката која Аца ја напиша со фотографијата.
„Моја љубов, моја душа! ЧЕКАМ ДА И ГО ВРАТИТЕ ТЕЛЕФОНОТ!!!“, напиша Аца.
Инаку оваа фотографија и порака му ја лајкуваше и Цеца, очигледно во знак на голема поддршка.