Веднаш откако ураганот Ирма се оддалечи од Мајами, поп-пејачот Енрике Иглесијас влегол во својот автомобил и почнал да се вози низ родниот град за да ги види последиците што катастрофалното невреме ги оставило зад себе.
Иглесијас објави видеоснимки од поплавените улици, разурнатите домови, искорнатите дрвја и пустошот што Ирма ги остави зад себе.
„Навистина е тажно ова што се случува во Мајами, со луѓето чиишто животи се засегнати“, вели тој на една од снимките.
И пред налетот на ураганот пејачот испрати порака до своите сограѓани.
„Сите вие кои сте на патот на ураганот, засолнете се. Бидете безбедни. Ви благодарам и вам кои се молите за оние кои се наоѓаат во ризичните подрачја,“ напиша тој.