Вчеравечер со модно шоу, на кое ја претстави својата последна колекција, „Сара фешн“ го одбележа јубилејот 18 години постоење на македонскиот пазар.
Новата колекција секси пижами, впечатливи хулахопки и привлечна долна облека се дизајнирани од модната дизајнерка Ивана Кнез. Во текот на ревијата публиката уживаше во настапите на Викторија Лоба (која е заштитно лице на брендот за 2017 година), Симона Попоски и диџеј Ерик Фокс, Наталија Славева, како и диџеј Бороу и специјалниот гостин за забавата по ревијата, Димитрис Пацис.
„Кога пред 18 години ја основавме компанијата, си поставивме јасни цели и визија, што и денес ги следиме. Денес можеме да кажеме дека сме се развиле и дека сме онаму каде што планиравме, но не престануваме тука, имаме уште многу планови и задачи што треба да ги реализираме“, изјави Дејан Спасовски, сопственик и генерален менаџер на „Сара фешн“.