Лејди Гага итно пренесена во болница

Според Би-би-си, Лејди Гага била итно пренесена во болница кога се пожалила на многу силни болки. Пејачката пред неколку дена призна дека е во лоша здравствена состојба и дека одреден период ќе се оддалечи од музиката. Таа ја откажа посетата на Рио де Жанеиро, каде што требаше да учествува на големиот музички фестивал „Рок во Рио“.

Веднаш потоа таа им се обрати на бразилските фановите преку „Твитер“.

„Бразил, не се чувствувам доволно добро за да дојдам на ‘Рок во Рио’. Би направила сè за вас, но сега треба да се погрижам за себе. Ве молам за прошка и разбирање, ветувам дека ќе дојдам и ќе излезам на сцената што е можно побргу“.

По ова, Лејди Гага призна дека боледува од фибромијалгија, болест што е проследена со хронична болка во мускулите и коските, замор и проблеми со спиењето и меморијата.

 

Scroll to Top