Наташа Беквалац и нејзиниот партнер Лука Лазукиќ го изговорија судбоносното „да“ на Ибица. Младоженецот за венчавката издвои околу 100 илјади евра.
Новосадската барбика, која е во четвртиот месец од бременоста, се заколна на вечна љубов на ИТ експертот, а на интимниот чин присуствуваа најблиските пријатели , кумовите и сестрите на младите. Лука не ги жалеше парите – само за изнајмување на луксузна вила со десет спални соби, искеширал 22 илјади евра на неделно ниво.
Со оглед на тоа дека младите се таму од минатата недела и ќе останат до крајот на оваа, за сместување ќе потрошат 44 илјади. Сопругот на пејачката за овој посебен ден изнајми и ресторан на плажа, каде се венчаа во вечерните часови и славеа до доцна во ноќта, за што дадоа 25 илјади евра. Беа ангажирани два диџеи, кои чинеле по пет илјади.
Секако, Лука за сите 25 гости ги плати и авионските карти, како и секојдневните трошоци, па од паричникот извлече уште 10 илјади евра. Ако во цената се пресмета и венчаницата и декорацијата, вкупната сума изнесува близу 100 илјади евра.