Во 2050 година суперинтелигентни роботи ќе ја преземат планетата. Идните генерации нема да бидат свесни за ова затоа што сè ќе биде компјутерска симулација која ќе го претставува животот од 2016 година.
„Сè што ќе видите и допрете во тој момент ќе биде создадено од роботи, кои ќе си играат човештво во својата забавна програма“.
Вака гласи радикалната теорија која во текот на изминатите години ја застапуваат сè повеќе научници. Тие тврдат дека постои голема можност да живееме во паралелна реалност и дека светот каков што го познаваме е всушност лажен.
Можеби звучи лудо, но оваа симулација е земена сериозно во круговите на физичарите, кои велат дека се на пат да пронајдат докази кои ќе ја потврдат оваа теорија. Роберт Лавренс Кухн, писател и водител на емисијата „Во близина на вистината“, неодамна ја откри оваа теорија во деталниот извештај објавен на сајтот „space.com“.
Тој истакна дека според филозофот од Универзитетот на Оксфорд, Ник Бостром, сценариото од филмот Матрикс би можело да биде реално.
„Ќе постои голем компјутер кој би симулирал буквално сè, вклучувајќи ги и човечките мозоци, до неурони и синапси“, вели Бостром.
Марвин Мински, почетник во областа на вештачката интелигенција, гостувајќи во емисија на Лавренс изјави дека ќе биде тешко да се утврди дали навистина живееме во паралелна реалност, поточно во компјутерска симулација.
Пред неколку години Силас Бин од Универзитетот во Бон сугерирал дека би можело да постојат знаци дека живееме во симулација.
„Сè што треба да направиме е да откриеме кои ни се ограничувањата, така што ќе можеме самите да направиме симулација на вселената. Тоа е целта на многу научници“, вели тој
Тој верува дека симулацијата на законите на физиката е помалку или повеќе еквивалент на симулација на процесот во универзумот. Во таква симулација законите на физиката мораат да бидат наметнати на дискретни тродимензионални решетки, кои напредуваат низ времето.
Професорот Бин и неговите колеги открија такви решетки кои го наметнуваат ограничувањето на секоја материја и енергија бидејќи во симулираниот универзум не би постоело ништо помалку од тие решетки. Во превод, ова откритие би можело да сугерира дека вселената каква што ја познаваме всушност е компјутерска симулација, која не би смеела да има енергетски ограничувања.
А тоа всушност се случува кога станува збор за космичките зраци, чие ограничување е познато како Грејсен-Зацепин-Кузмин ограничување. Оваа добро проучена студија открила дека ограничувањето се случува кога честичките од некоја енергија, во интеракција со космичката позадина, губат дел од својата енергија додека патуваат на големи растојанија.
Докажувајќи ја оваа теорија, научниците би можеле да откријат дека во универзумот не е сè каков што изгледа и дека се можни грешки во симулацијата.
Зошто воопшто да се мачите
Првиот обид да се дознае вистината за универзумот се случил во 2001 година, кога имало обид да се пресмета количината на неопходни ресурси за мерење на вселената. Утврдено е дека тоа во пракса е невозможно да се направи.
Сет Лојд, инженер по квантна механика, ги проценувал бројот на компјутерски операции во нашиот универзум уште од самиот почеток, од големиот Биг Бен. Во основа го проценувал секој настан кој кога било се случил.
„Компјутерот треба да биде поголем од вселената, а времето морало да отчукува побавно во програмата, за разлика од реалноста, Зошто тогаш воопшто да се мачи човек да направи таков компјутер“, утврдил Лојд.
Во што е разликата меѓу компјутерот и човекот
Некои научници се сомневаат дека станува збор за теоријата на Матрикс. Професорот Питер Миликен, кој предава филозофија и компјутерска наука на Универзитетот Оксфорд, верува дека теоријата на крајот би можела да биде погрешна.
„Теоријата е заснована на претпоставка на постоење на супермозоци, кои ги прават работите кои и ние самите во голема мера ги правиме. Ако некои мисли дека светот е симулација, зошто тогаш да размислуваме за супермозоци кои не се во состојба да смислат ништо ново во однос на она што веќе го знаеме“, прашува Миликен.
Платон е основач на теоријата
Прашањето дали навистина сме свесни за светот што нè опкружува за првпат е поставено во античка Грција, меѓу нивните филозофи. Најрано се споменува во дебата од периодот на Платон. Тој сугерирал дека единствениот начин да се сфати светот е проучувањето на математиката и геометријата, нешто на што ги подучувал своите студенти во обид да ја откријат вселената што нè опкружува.
Мислам, значи постојам
Францускиот филозоф Рене Декарт се занимавал со овој проблем низ експерименти, кои придонеле за сомнението кај читателите за реалноста што ја познаваме.
Неговата филозофија е заснована на идејата дека ништо што претпоставуваме или чувствуваме не мора нужно да биде вистина. Единствена работа која е вистина е свеста, која доведува до сомнеж на сето тоа што го доживуваме. Тоа е основа за прочуената реченица „Мислам, значи постојам“.