Ѕвездите на серијата „Игра на тронови“, Кит Харингтон и Роуз Лесли, ќе се венчаат. Актерите се запознаа пред пет години на снимањето на серијата, но до минатата година се криеја од јавноста.
Во едно интервју дадено потоа, Кит изјави: „Кога некој те привлекува, а треба да глумиш дека си во врска со него, тогаш е навистина многу лесно да се заљубиш“.
Кит и Лесли неодамна купија заедничка куќа, а актерот неколкупати јавно рече дека е многу, многу среќен. Свршувачката беше официјално објавена на страниците на британскиот весник „Тајмс“, како што прават повеќето двојки во Британија.