Овој пудинг потекнува од Англија и е едноставен освежувачки летен рецепт кој се подготвува неколку часа пред да го јадете и се чува во фрижидер – бел леб потопен во шумско овошје и оставен во фрижидер за да добие облик на пудинг.
Состојки:
- 10 парчиња бел леб
- 500 грама мешано овошје
- 2 супени лажици шеќер
- 100 милилитри вода
Подготовка
Чекор 1: Од парчињата бел леб извадете ги корките и исечете ги дијагонално на половина.
Чекор 2: Ставете ги овошјето, шеќерот и водата во тава и загревајте додека убаво да се спојат.
Чекор 3: Во длабокиот сад ставете проѕирна фолија во две насоки за после полесно да го извадите пудингот.
Потопувајте го лебот во сокот и редете го по ѕидовите на садот да формирате круг и потоа ставете го овошјето да го пополните внатрешниот дел.
Чекор 4: На крајот наредете еден слој леб за да го затворите пудингот, завиткајте го убаво со фолијата и ставете го во фрижидер најмалку 3-4 часа или цела ноќ доколку имате можност.
Чекор 5: За да го послужите, извадете го долниот дел од фолијата, потоа свртете го пудингот на чинија и отстранете ги и другите делови фолија. Исечете го како торта и одозгора декорирајте со шлаг.