Славниот актер Брус Вилис се подготвува повторно да влезе во улогата на полицаецот Џон Меклејн во шестиот филм од серијалот „Умри машки“. 62-годишниот актер беше ѕвезда во првиот филм од серијалот, кој се појави на екраните во 1988 година, а е снимен по романот Nothing Lasts Forever на Родерик Торп.
Пред две години беше објавено дека се подготвува нов филм од серијалот, во кој во едниот дел ќе се разработува што му претходело на дејството од првиот филм, а другиот ќе се случува во денешни денови.
Кастингот за новиот филм веќе започна. Режисер ќе биде Лен Вајзма. Сè уште не е избран актерот што ќе го игра младиот Меклејн.
„Кастингот за оваа улога ќе биде од суштинско значење“, вели режисерот.