Сезоната на зимници е во полн ек. Ви нудиме лесен и едноставен рецепт за закиселени феферони во тегли.
Потребно:
500 грама феферони
500 мл оцетна киселина
500 мл вода
4 лажици шеќер
2 лажици сол
Подготовка:
Фефероните измијте ги убаво, исушете ги и потсечете им ги дршките. Потоа боцнете ги со игла за да може во нив да влезе течноста. Во длабок сад ставете ги водата, киселината, шеќерот и солта. Измешајте и оставете ја течноста да зоврие. Потоа, во садот додајте ги фефероните, па варете ги само две минути. Извадете ги од водата и наредете ги во суви, претходно стерилизирани студени тегли. Откога ќе ги наредите, прелијте ги со течноста во која се вареа. Теглите со феферони затворете ги херметички.