Во американската држава Тексас една жена од Хјустон се потрудила со својот изглед да потсетува на првата дама на САД, Меланија Трамп.
Клаудија Сиера (42) вложила 50.000 долари за пластична операција за да изгледа како нејзиниот политички идол.
„Таа и јас си личиме“, заклучила по неколку зафати на зголемување на градите, липосукција и подигање на задницата.
Инаку, Клаудија со години страдала поради потсмевање од околината на сметка на својот изглед и коментарите дека изгледа постаро по долгогодишната борба со канцерот.
На удар на околината се најдоа нејзиниот голем нос, коса и темен тен на лицето.