Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама, вчера беше гостин на концертот на Бруно Марс во Вашингтон. По завршувањето на концертот, таа се дружеше со пејачот и неговиот бенд зад сцената, а фотографиите покажуваат дека забавата не завршила по спуштањето на завесите. Популарниот пејач е на светска турнеја, а во моментот одржува концерти во Америка. Тој ја искористил однапред најавената посета на Мишел да ѝ подари дрес со нејзиното име и ознаката „24К“, симбол на неговиот последен албум.