Побрз од ракета – Русија прави нов ловец „миг 41“

Руска компанија „Миг“ започна изработка на нов воен авион, кој ќе го замени постојниот „миг 31“. Главната одлика на најновиот ловец пресретнувач е што може да развие хиперсонична брзина, а според најавите, производството би требало да почне до 2025 година.

За овој авион речиси не се знае ништо, како и за сите други најмоќни воени проекти што носат ознака „тајно“.

Проектот на конструирање на новиот пресретнувач е инициран на почетокот од 2014 година.

Тогаш претставникот на Комитетот за одбрана на државната Дума, Александар Тарнајев, соопшти дека е потпишан документ за изведување научноистражувачки и конструктивни работи на ловец пресретнувач „миг 41“.

Новиот авион ќе ги има сите најдобри карактеристики на својот претходник користејќи ги најмодерните материјали и може да развие брзина од над четири маха, што значи да биде побрз од ракета.

Инаку, „миг 31“ и понатаму се смета за ‘рбетот на руското воздухопловство, а во моментот се одвива модернизацијата на одреден број на тие летала.

Како што беше претходно беше најавено, „миг 31BM“ ќе добие нова авионска електроника, вооружување и радарска опрема.

 

 

Scroll to Top