Земјата се смени и ни следува катастрофа

Светската научна заедница вели дека нашата планета и небото се имаат сменето. Ако се осврнеме на она што се случуваше во светот во изминатите неколку години, очигледно e дека е зголемен бројот на природни катастрофи и елементарни непогоди, пренесува „Сајнс журнал“.Некои за тоа ги обвинуваат глобалното затоплување, човештвото и нашиот начин на живеење, а други се уверени дека сето тоа е само дел од природниот циклус.

Во јуни 2017 година се појави вест за масовен глечер од неколку трилиони тони, четири пати поголем од Лондон, кој се одвоил од Антарктикот.

Со име А68 монструозниот леден брег од 5.800 квадратни километри се има одвоено од леденикот со име Larsen C. Според извештаите, неговиот волумен е двојно поголем од езерото Ири, покажал извештајот MIDAS.

Според многуте експерти, тоа не е само загрижувачки, туку е и алармантно. Извештаите покажуваат дека глобалното загревање не било никогаш толку опасно како денес, а во делови на земјата просечната температура пораснала и до 5 степени во просек.

Но, масивните глечери се само почеток, предупредуваат експертите, а според некои од нив, на нашата планета ѝ се заканува сериозна катастрофа затоа што луѓето се одговорни и за предизвикување биолошко истребување на дивите животни.

Ескимските старешини предупредуваат…

Според ескимските старешини, кои се традиционално извонредни временски прогнозери затоа што живеат во согласност со природата, проблемот не е само во глобалното загревање.

Имено, домородците во арктичките региони во Канада, САД и на Гренланд велат дека климата не е виновна за сè, туку, едноставно, Земјата се променила.

Ескимите тврдат дека Земјата е свртена кон север, што резултирало со промена на небото.

„Небото е поинакво“

Старешините упатија предупредување и до американската вселенска агенција (НАСА) дека Сонцето повеќе не излегува од местото од каде што излегувало претходно. Предупредија дека деновите им траат подолго, а се има променето и местоположбата на Месечината и ѕвездите, што е уште една причина за промена на температурите и страшните бури што ја погодуваат планетата.

 

 

 

Scroll to Top